ЕВН: Нема прекини во снабдувањето со електрична енергија по земјотресите

Во моментов нема отворени прекини во снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот земјотрес во скопското подрачје, изјави Атанас Ковачевски, од секторот за односи со јавност на ЕВН.

-Екипите на ЕВН работеа целото попладне по земјотресот и во текот на ноќта за да ги вратат во напон сите трафостаници. Реагираше заштитата на трафостаниците –  автоматското вклучување на заштитата за да не настанат посериозни проблеми како што се пожар и други последици кои можат да направат голема штета, појасни Ковачевски.

Како што рече, најмногу повици за прекини во снабдувањето со електрична енергија имало во Аеродром, Центар, дел од Железара, Карпош, Стајковци.

 
 
12.09.2016 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега