Стопанска комора: Медијација за брзо и економично решавање на деловните спроови

За 3,5 до пет часа без речиси никакви трошоци може да се решат деловните спорови до еден милион денари. Ова се предностите што ги нуди медијацијата за чие афирмирање и промовирање пред компаниите Стопанската комора на Македонија ги засилува своите активности.

По формирањето на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) во јули годинава, идниот месец ќе бидат организирани и Денови на медијацијата. Во меѓувреме, како што рече денеска на прес-конференција извршниот директор на Комората и претседател на АПМ Јелисавета Георгиева, интензивно се одржуваат семинари во градовите низ земјава за претставување на медијацијата пред што поголем број фирми.

- Целта на АПМ е афирмација и популаризација на медијацијата како алтернативен, брз, ефикасен и економичен начин за решавање на споровите. Двете потенцијални страни, компании, со посредство на лиценциран медијатор може да решат секаков спор до еден милион денари на доброволна основа, без публицитет и нарушување на своите бизнис односи, истакна Георгиева.

Медијацијата може да се примени во имотно-правните спорови, трговските, работните, потрошувачките, осигурителните, спротовите од областа на образованието, заштитата на животна средина, дискриминацијата,...

- Во медијацијата двете страни се еднакви што е предност во однос на другите видови постапки. Основните принципи се правичност, доверливост, рамноправност, неутралност, иксклучување на јавноста од целиот процес. Во одредени моменти медијацијата може да биде и бесплатна. Постапката е неформална и доверлива, нагласи Славе Младеновски, член на АПМ.

На прес-конференцијата беа промоврани веб-страницата на Асоцијацијата и брошурата „„Промоција - афирмација - успех“. 

Според Драган Дамески, член на АПМ, ова се почетните алатки. Допрва следуваат интензивните активности за подигнување на свеста за медијацијата меѓу правните субјекти.

Во Македонија засега има десетина лиценцирани медијатори кои веќе работат на тековни спорови. Од февруари годинава десетина членки на Стопанската комора ја побарале листата на лиценцирани медијатори.

 

 
 
12.09.2016 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега