Министерство за транспорт: СДСМ се обидува да ја минира гасификацијата

Проектот за гасификација ветен во Програмата на оваа Влада почна да се реализира. Наспроти ова, енергетската политика што ја спрoведуваше СДСМ во време на своето владеење само придонесе граѓаните да плаќаат високи цени за електричната енергија, наведува Министерството за транспорт и врски во реакција на СДСМ за процесот на гасификација.

Според Министерството за транспорт, физибилити студијата за Националниот гасоводен систем за која, како што наведува, „СДСМ од ракав изнесува бројки и цени“ е јавно достапен документ. - Лажните тврдења за милионските цени за изработка на физибилити студијата е само доказ дека СДСМ се обидува да ја минира гасификацијата на државата, а со тоа и да оневозможи граѓаните и сите економски субјекти да дојдат до поевтин енергенс, наведува Министерството за транспорт.

Изградена е, посочува Министерството, магистралата Клечовце –Штип, почна да се гради магистралата Штип-Неготино,  а во најскоро време ќе почне и изградба на магистралите Неготино-Битола и Скопје-Гостивар.

- Во наредниот период ќе се изградат и магистралните делници Гостивар –Кичево,  делница Штип – Хамзали - Струмица – Гевгелија како и  крак за ТЕЦ Неготино. Паралелно со изградба на овие делници кои се дел од националниот гасоводен систем, МЕР ќе подготви и проектна документација и за следните делници: крак за Свети Николе - Велес во должина од 27 километри, крак за Гевгелија во должина од 7 километри, крак за Демир Капија во должина од 12 километри, Вршаково-Кочани-Разловци во должина од 66 километри, крак за ТЕЦ Осломеј во должина од 3 километри, крак за Пробиштип во должина од 13 километри, Кичево - Охрид - Струга во должина од 63 километри, се вели во реакцијата.

 
 
12.09.2016 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега