УПОЗ: Штрајкот во судовите останува во мирување

 Извршниот одбор на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ донесе одлука штрајкот во судовите во Република Македонија да остане во мирување, но со најава дека во  наредниот период, како што посочуваат оттаму, доколку судската власт период презема дејствија спротивни на барањата на штрајкувачите, штрајкот повторно да биде активиран.

- Синдикатот на УПОЗ моментално не гледа сериозен и одговорен социјален партнер во сегашниот состав на Министерството за правда и Судскиот буџетски совет, а не сакајќи да ги изложи своите членови да бидат незаконски казнувани, да бидат малтретирани и да им се закануваат, донесе одлука штрајкот во судовите во Република Македонија да остане во мирување. Доколку судската власт во наредениот период презема дејствија спротивни на барањата на штрајкувачите, штрајкот повторно ќе биде активиран, се вели во соопштението од УПОЗ.

Ваквата одлука, додаваат оттаму, не значи дека Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација (ЗСА) како организатори на штрајкот се откажуваат од барањата. Тие, посочуваат од УПОЗ, и натаму низ институциите ќе ја водат битката, со поднесување кривични пријави, судски постапки за враќање на незаконските одлуки за скратување на платите, тужба пред Меѓународната организација на трудот (МОТ) и ќе очекуваат одговорен социјален партнер кој ќе има слух за оправданите барања за работниците.

- На денешната седница беше оценето дека судската и извршната власт за време на штрајкот, а и потоа, не пројавија никаков интерес и низ дијалог и преговори со Синдикатот да го решат настанатиот спор, се вели во денешното соопштение од УПОЗ.

Истовремено, додаваат оттаму, при донесување на одлуката бил земен предвид и фактот што на 2 септември била формирана техничка Влада што, како што посочуваат, уште повеќе придонесува за статус кво состојбата со барањата на Синдикатот.

 
 
12.09.2016 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега