Кампања за енергетски конкурентно и одржливо стопанство
Со обука за начините и можностите за идентификација, подготовка и реализација на мерки за енергетска ефикасност Министерството за економија ќе укажува на потенцијалот за штедење енергија во малите и средни претпријатија.
Обуката што почнува денеска е почеток на кампањата „Развој на енергетски конкурентно и одржливо стопанство - ЕКОС“ на Министерството за економија, што ќе ја спроведува Центарот за енергетска ефикасност МАЦЕФ.
Обуката е наменета за технички лица одговорни за тековно работење и одржување опрема во производни одделенија и објекти во надлежност на претпријатија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа