Продолжуваат активностите за заштита на манастирот „Трескавец“

Министерството за култура информира дека во тек се активностите за заштита на манастирот „Трескавец“ во Прилеп, кој е споменик на културата од 14 век. 

Активностите ги извршуваат стручните служби на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Прилеп, предвидени со програмата на Министерството за култура.  

Црквата, трпезаријата и магерницата се најстарите и најавтентични градби зачувани во манастирскиот комплекс. По извршените истражувања во рамки на археологијата, архитектурата и ѕидното сликарство во црквата и трпезаријата, магерницата, стручните екипи ќе пристапат кон изработка на проект за нивна превентивна заштита.

Министерството за култура потсетува дека неодамна почнаа активностите за конзервација, реконструкција и реставрација на опожарените конаци на манастирот „Трескавец“. Заради побрза реализација на сите активности, беше изграден и патот до манастирот.

Манастирскиот комплекс „Трескавец“ е значаен културно-историски споменик изграден под Златоврв. Комплексот, кој е подигнат врз постаро култно место, го сочинуваат црквата „Успение на Пресвета Богородица“, која е изградена врз темелите на ранохристијанска базилика, старата трпезарија, конаците со кулата, камбанаријата над влезот и други помошни згради. 

 
 
13.09.2016 - 14:00
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега