Арсовска - Томовска на средба со постојаниот координатор на ОН Луиза Винтон

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска - Томовска денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на ОН и постојан претставник на Програмата за развој на ОН Луиза Винтон.

Како што соопшти МИОА, на средбата се разговараше за заложбите на Република Македонија за постигнување на Одржливите развојни цели (SDGs), како и за прифаќањето на Заедничката декларација за Отворена влада за спроведување на Агендата 2030 за одржлив развој. Притоа беше нагласено задоволството што во Третиот национален акциски план за отворено владино партнерство 2016-2018 година се изврши интегрирање на принципите за одржлив развој.

За време на состанокот, министерката Арсовска - Томовска се осврна на тековните проекти и активности во рамки на Министерството со акцент за идна можна соработка во областите на креирање работни места и еднаков пристап во информатичко комуникациските технологии, обуки и искористување на интернет клубовите на Министерството, како и вклучување во процесот на подготовка на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2017-2022. 

 
 
13.09.2016 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега