Последниот земјотрес еден од посилните деновиве - епицентарот во реонот на Смилковското Езеро

Последниот земјотрес во Скопје имал интензитет од 3 степени според Рихтер, покажуваат податоци на европската макросеизмичка опсерваторија. Земјотресот бил со епицентар во реонот на Смилковското Езеро и е еден од посилните во серијата земјотреси кои го тресеа Скопје во последните неколку дена. Потресот е регистриран во 1 часот и 32 минути.
Речи си сите земјотреси имаат епицентар во истиот регион, каде што претходно имаше поплава.

 

 

 
 
14.09.2016 - 01:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега