Нов влажен бран доаѓа кон Македонија
Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала, а попладне во планинските делови со малку зголемена облачност. На запад од земјата ќе има услови понекаде за краткотраен дожд и ретки грмежи, а ќе дува и слаб северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 24 до 32 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала, а попладне со зголемена облачност и со слаб ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
Стабилно и потопло ќе биде во четврток и петок. За време на викендот во попладневните часови ќе има услови за локален дожд, а тие во сабота ќе бидат проследени со појава на грмежи претежно во планинските делови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа