Нов земјотрес во Скопје претпладнево

Скопје повторно се тресе. По земјотресот од 3,2 степени ноќеска,  серија помали афтер шокови биле регистрирани од Сеизмолошката опсерваторија. Според информациите, последниот потрес бил регистриран околу 11:20 часот претпладнево, но бил со исклучително слаба магнитуда од околу 1 степен според Рихтер, па граѓаните воопшто и не го почувствувале.
Тлото се тресело со исклучително слаб интензитет и во текот на ноќта.
Експертите велат дека тоа е нормална работа по поголеми потреси, повредено да има и помали и дека нема простор за паника. 

 
 
14.09.2016 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега