Доделени 45 училишни прибори на децата Роми во градинките во Делчево и Виница

Во делчевско Црник и во Виница денеска беа доделени 45 училишни прибори на децата Роми кои посетуваат предучилишна настава во детските градинки, опфатени со проектите „Инклузија на децата Роми во јавните предучилишни установи“ што го спроведува НВО КХАМ од Делчево во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и проектот „Подобрување на вработеностa на Ромите преку едукација и тренинг“ која оваа невладина го работи со поддршка на РЕФ од Будимпешта. 

Сара Јашарова  координатор на проектот од НВО КХАМ истакна дека оваа донација за децата од предучилишната настава се однесува на деца кои се на возраст од 3-5 години, а се опфатени со проектот. 

– Целта на проектот е подобрување и поддршка на интеграцијата на деца Роми преку зголемување на бројот на деца Роми во предучилишните установи. Ние сакаме да ги мотивираме децата и навреме да добијат школски прибор, да се зголеми нивната љуботпитност со единствена цел да ги подготвиме за нивниот влез во основното образование, рече Јашарова. 

Инаку, вкупно 102 деца Роми на возраст до 6 години се опфатени преку проектите во детските градинки во Делчево, Црник и Виница.

 
 
14.09.2016 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега