Принцеза Јелисавета Караѓорѓевиќ во посета на Охрид

 Српската принцеза Јелисавета Караѓорѓевиќ денеска допатува во неофицијална посета на Охрид.

На аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид гостинката ја пречека делегација на Општина Охрид, предводена од претседателот на Советот Гордана Коњаноска која и посака добредојде на принцезата во Охрид.

Во кусата изјава за медиумите принцезата Јелисавета рече дека ова и е најзина прва посета на Охрид, рече дека нешто знае и за убавото езеро за кое забележа дека изгледа прекрасно од авионот.

Се интересираше за охридската пастрмка, за бисерот, рече дека секако ќе го посети Свети Наум, како и оти би и било задоволство да поплива во езерото, се разбира доколку дозволат временските прилики.

Предвидено е попладнево таа да прошета низ стариот дел на Охрид и да се запознае со богатото културно-историско богатство на градот.

 
 
14.09.2016 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега