Експерти: Мозаичното богатство привлечно за туристите, потребна е негова промоција

Античките мозаици со кои располага Македонија можат да привлечат голем број туристи, особено вљубеници во културното наследство. Градот Охрид, пак, со 22 - та регистрирани локалитети во градот и долж крСоајбрежјето, има огромен потенцијал, но потребна е нивна соодветна презентација во светски рамки.

Ова беше истакнато на третиот по ред состанок на експертите за антички мозаици во рамки на проектот „Мозаиците во Југоисточна Европа“ на кој учествуваат експерти од Италија, Франција, Шпанија и од повеќе земји од Балканскиот регион.

Никола Упевче, конзерватор на мозаици, вели дека бројот од 22 локалитети не е крајна бројка на локалитети кои постојат во Охрид и Охридско.

- Сигурно под многу постари куќи каде што не се ископувало постојат уште многу други мозаици кои би требало допрва да се истражуваат, публикуваат и објават. Нашите мозаици се во добра состојба, нормално, тие како и секоја една работа бараат одржување и константен мониторинг, рече Упевче.

Маја Франковиќ од Институтот за конзервација-Белград оценува дека е потребно да се направи база на податоци за мозаиците во регионот.

- Треба да го промовираме тоа наследство, бидеќи не се знае многу за него. Секогаш сите мислат дека мозаиците се на Медитеранот, во Северна Африка, на Блискиот Исток, додека ние навистина имаме преубави примероци на мозаици, вели Франковиќ.

На состанокот во Охрид експертите за мозаици од Европа и регионот ќе го презентираат креативниот процес на решавање на проблемите и предизвиците за заштита на културното наследство, а ќе распрваваат и за поголема промоција на мозаичното богатство, за кое се вели дека не е доволно презнетирано и познато во светски рамки. 

 
 
14.09.2016 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега