Нов софтвер за интегрирано планирање ресурси за државните органи

Имплементација на нов софтвер за интегрирано планирање ресурси за државните органи, беше тема на денешниот состанок на министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска со директорот на владината Служба за општи и заеднички работи Васe Доневски.

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ја координира примената на новиот софтвер кој се однесува на буџетско, финансиско и благајничко работење, основни средства, материјално и магацинско работење и следење на реализацијата на договори.

- Новото софтверско решение има интуитивен и интегриран интерфејс и обезбедува целосна автоматизација на бизнис процесите, подобрување на оперативната ефикасност и генерирање на извештаи за потребите на раководството, а има капацитет да го поддржи работењето на 50 државни институции. Треба да го замени работењето на сегашниот софтвер изработен во 1993 година, а кој се користи од 29 државни институции, соопшти МИОА.

 
 
14.09.2016 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега