СИТЕЛ: Сеуште не се знае дали ќе се плаќа такса за влез во шенген зоната

И Делегацијата на Европската Унија во земјава и официјален Брисел молчат на прашањето за намерата да наплаќаат помеѓу 13 и 50 евра годишно за влез во Шенген зоната за земјите кои имаат безвизен режим, како и регистрацијата на лицата со целите на посетата 72 часа пред патувањето.

Аналитичарот Сашо Клековски смета дека евентуалното воведување таква мерка посебно ќе ги погоди Македонците, бидејќи најголем дел од туристичките и бизнис патувања се во Грција и Бугарија. За граѓаните на Западен Балкан тоа би била фундаментално погрешна политичка порака во момент кога се бара мотивација за продолжување на евроинтеграциите и кога единствената придобивка е слободата на движење.

 ,, За жал ова покажува дека ЕУ некогаш води политики во одредено подрачје без да согледа што точно значи за политиките во друго подрачје. Воведувањето на регистрација за граѓаните што доаѓаат од земји со безвизен режим ќе ги погоди Западен Балкан и некои од земјите од непосредното соседство на ЕУ, земји кои се стремат да станат членки на ЕУ и воведувањето на една таква регистрација би ги погодила декларираните принципи и политики на ЕУ и према интеграциите на Западен Балкан и во непосредното соседство’’, смета Клековски.

Иако скептичен дека Брисел би можел да воведе таква мерка, Клековски смета дека се работи за политика на Унијата за домашна употреба.

,, Јас повеќе би ја поврзал со потребата да се демонстрира пред своите граѓани дека се прави нешто во борбата против тероризмот, без разлика што најголем дел од извршителите на терористичките акти се граѓани на ЕУ, државјани на ЕУ. Стереотипот, распростанетата предрасуда е дека тоа се бегалци, луѓе што доаѓаат од страна. И со еден ваков чекор ЕУ би демонстрирала пред своите граѓани дека нешто прави за зголемување на безбедноста на границите на ЕУ, што мислам дека е многу погрешен чекор

За ирационалноста на мерката зборува и фактот што криминалците и терористите секогаш наоѓаат начин да ги прескокнат административните бариери, вели Клековски.

 
 
14.09.2016 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега