Нов времен сообраќаен режим на улицата „Ѓорче Петров“

Градот Скопје ќе почне со изведување градежни активности на дел од улицата „Ѓорче Петров“, во насока од Дексион кон Центар, и за таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај.

- Возилата од Јавниот градски превоз кои ги опслужуваат линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60 кои се движат од Дексион кон Центар, од запад кон исток, ќе бидат пренасочени од улица „Ѓорче Петров“, по улица „ Кузман Шапкарев“, улица„ Борис Сарафов“ (4 ти Јули), булевар„ Македонска војска“ и продолжуваат по својата траса, информираат од Градот Скопје.

За време на траење на овој режим ќе се користат времено поставените автобуски стојалишта на улица „Борис Сарафов“.

Во обратна насока, од Центар кон Дексион, или во правец исток-запад автобусите ќе ја користат постојната траса по улица „Ѓорче Петров“.

Од Градот Скопје апелираат учесниците во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.

 
 
14.09.2016 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега