Чифлиганец: Кога има земјотрес, дали на прв или на последен кат е исто

Кога има земјотрес исто е дали сте на прв или на последен кат, истакна бизнисменот Ванчо Чифлиганец.

„Да ја решиме дилемата. Тоа дали сте на прв, втор или 16 спрат не прави разлика. Поголемите потреси најмногу се чувствуваат во призмниот дел, затоа тука се ставаат поголеми столбови и платформа, за да го смират ударот“, смета тој.

Чифлиганец појаснува дека армираните бетонски плочи го ублажуваат потресот.

„Армираните бетонски плочи ги поставуваме во Македонија, додека во Европа ретко го прават тоа затоа што штедат, а токму ваквите плочи ја гарантираат безбедноста“, вели Чифлиганец.

Тој додава дека гредниот систем и столбовите се основен конструктивен систем за една цврста градба.

 
 
14.09.2016 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега