Наближува викендот: Какви вести носат метеролозите?

Времето во Македонија стабилно, суво и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температурата ќе се спушти од 7 до 16, а највисоката дневна  преку денот ќе достигне од 26 до 33.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од 12 до 29 степени.

Стабилно и потопло ќе биде в и петок.

За време на викендот во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, претежно врнежите ќе бидат застапени во западните делови на земјава. Но и температурата на воздухот ќе биде во опаѓање.

 
 
15.09.2016 - 08:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега