Вељаноски на Европска конференција на претседатели на парламенти

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски на покана на претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, денеска и утре ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти во Стразбур, Француска Република, каде ќе се обрати пред присутните на теми посветени на „Миграциите и бегалската криза во Европа – улогата и одговорностите на парламентите“ и „Националните парламенти и Советот на Европа: Заедничко промовирање на демократијата, човековите права и владеење на правото“.

За време на Европската конференција на претседатели на парламенти во Стразбур, предвидено е Вељаноски да оствари неколку билатерални средби со неговите колеги учесници на Конференцијата, стои во соопштението.

Првата ваква Европска конференција на претседатели на парламенти се одржала во 1975 година. Конференцијата се одржува секои две години, алтернативно во Стразбур и во една земја-членка на Советот на Европа. Претседателите на парламентите на 47 земји-членки на Советот на Европа, државите набљудувачи и соседи, како и претседателите на меѓупарламентарните собранија ќе се состанат на 15 и 16 септември во Стразбур да дебатираат на актуелни теми.

 
 
15.09.2016 - 08:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега