Пад за осум места на Македонија на ФИФА листата
Македонската фудбалска репрезентација назадуваше осум места на најновата рејтинг листа на ФИФА и сега се наоѓа на 146.место. Ова воедно е најлошиот пласман во историјата за „црвено-жолтите“.
Од противниците во нашата квалификациска група, Шпанија е на 11. место, Италија е 13-та, Албанија е 40-та, Израел е на 98.место, а Луксембург е 145-ти.
Лидер е Аргентина, пред Белгија и Германија. Во ТОП 10 уште се и: Колумбија, Бразил, Чиле, Португал, Франција, Уругвај и Велс.
Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 20 октомври.
15.09.2016 - 11:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа