Вицепремиерот Попоски на средба со евроамбасадорот Жбогар
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски имаше средба со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар, соопшти денеска МНР.
На средбата Попоски и Жбогар разговарале за напредокот во евроинтегративниот процес на Република Македонија. Во тој контекст биле истакнати очекувањата за спроведување фер и демократски избори, како основа за интензивирање на реформскиот процес во Република Македонија на патот кон ЕУ. Се разговарало и за справувањето со мигрантско-бегалската криза и европската помош во таа насока, што претставува заеднички интерес.
Амбасадорот Жбогар истакнал дека Европската Унија и понатаму ќе продолжи со својата поддршка во процесот на пристапување на Република Македонја во Европската Унија.
Во рамки на средбата, министерот Попоски му посакал успешна дипломатска мисија на амбасадорот Жбогар во Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа