Летен камп на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, искуството се пренесува на младите

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ годинава го искористи еден од последните топли викенди за летниот камп.

-На летниот камп учество земаа повеќе од 50 учесници, а ова е втор во низата кампови за подготовка за претстојните парламентарни избори. Темата на овој камп е „Младите во политиката“ и „Кампања 2016“,истакна Орце Ѓорѓиевски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

orce-ums-na-vmro

На овој камп предавање одржаа партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ, членови на ИК кои ги пренесуваат своите искуства и знаења на помладите генерации.

Секој учесник по настанот добива диплома за поминатата обука.

 
 
18.09.2016 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега