Вељаноски во посета на Куманово

- Претседателот на Собранието на Република Македонија,Трајко Вељаноски попладнево во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопоиев“ оствари средба со корисниците на мерката самовработување од првиот оглас на Агенцијата а вработување на РМ.

Тој изрази задоволство што остварува средба со граѓаните на Куманово, потенцирајќи дека како пратеник ги црпе гласовите од Куманово, а потоа и како претседател на Собранието.

- Куманово го сметам како град кој што е срж на една поголема бизнис групација во Македонија. Мислам дека со поразвиено Куманово имаме поразвиена Македонија. Затоа и средбите што ги имаме овде и со партиското членство и со група вработени преку АВРМ, преку програмата за самовработување, сакаме да се запознаеме, да видиме како тече она што ние во Собранието го гласаме, како се имплементира, затоа што е многу е важна имплементацијата на законските проекти, рече претседателот на Собранието.

Тој додаде дека суштината на носењето на законите е добрата имплементација, бидејќи појасни, имлементацијата покажува дали се потребни одредени измени во законите или нема потреба. - Затоа наше задоволство е да се сретнеме со оние кои непосредно го применуваат законот, истакна Вељаноски.

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски рече дека по оваа средба со корисниците на мерката самовработување, претседателот на Собранието и членови на ВМРО ДПМНЕ од Куманово ќе остварат средби со граѓаните од населбите „Зелен Рид“ и „Карпош“.

- Ќе поразговараме за локалните проблеми, за нивните идеи кои би можеле да се инкорпорираат во програмата за наредните парламентарни избори.  Секојпат на овие средби може да се чуе некоја идеја, така што од средбите произлегуваат најголемите проекти за граѓаните на Македонија, рече Ѓорѓиевски.

Во Куманово на првиот оглас за мерката самовработување,според податоците на Центарот за вработување имаше 112 апликации, од кои 56 се одобрени.Една од нив е кумановката Маргарита Јовановска, која ги искористи средствата и отвори книжарница во кумановската населба „Перо Чичо“.

Таа рече дека е задоволна од мерката и дека ако работата се прошири ќе користи и други мерки и ќе вработи уште едно лице.

Денеска, во претпладневните часови на градските гробишта во Куманово, почитувачите на ликот и делото на Драган Богдановски, го посетија неговото вечно почивалиште во чест на неговиот роденден и положија цвеќе.

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Драган Петковски рече дека Богдановски е еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и дека денеска се одбележуваат 87 години од раѓањето на еден од основачите на партијата ВМРО ДПМНЕ, идеологот на ВМРО ДПМНЕ Драган Богдановски, кој почина пред 18 години и е погребан на градските гробишта во Куманово.

- Се собравме сите почитувачи на неговото дело, да му оддадеме почит и да му се заблагодариме за се она што направи, за денеска да ја имаме оваа Македонија каква што ја имаме, рече Петковски

 
 
18.09.2016 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега