Новата автобуска станица во Гевгелија од денеска во употреба
Денеска во Гевгелија ќе биде пуштена во употреба новоизградената автобуска станица.
Новата станица е изградена со средства од буџетот на општината, а нејзината изградба траеше од седум до осум месеци. За нејзиното одржување, согласно одлуката на Советот на општината, ќе се грижи јавното претпријатие „Комуналец“.
На свеченото пуштање во употреба ќе присуствува министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
ФОТО: Сител