Не возете пијани и внимавајте на гужвата на патиштата - празниците го зголемуваат ризикот од несреќата

Во пресрет на  претстојниот празник Илинден, Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните  правила и прописи, да ја  прилагодуваат брзината според условите  на  патот и да ја почитуваат  пропишаната  патна сигнализација.

-Зголемениот број на возила во сообраќајот  за време на празникот,  високите температури, традиционалните обичаи на  конзумирање на алкохол како и периодот на годишните одмори, резултира со  зголемен ризик од сообраќајни несреќи. Особено внимание обрнуваме на сообраќајот кон дестинациите  каде ќе се одвива централната Илинденска прослава, Крушево,  како и местата по должината на  Дојранското Езеро каде традиционално се слави овој празник, стои во соопштението од Советот за безбедност на сообраќајот.

 

Оттаму советувааат граѓаните да се воздржат од користење на индивидуални возила  и  до дестиницијата  каде се одвива ценралната Илинденска прослава  да го  користат  организираниот бесплатен автобуски  превоз.

 

Автобуските превозници, порачуваат од Советот, да извршат дополнителна техничка  контрола на исправноста на автобусите кои го вршат овој превоз како и превозот до  популарните туристичките и излетнички дестинации.

 

Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на сите граѓани на Република Македонија им го честита големиот државен празник Илинден.

 

 

најчитано сега