Србите ја прекинаа блокадата кај Рударе
Косовските Срби синоќа ја прекинаа блокадата на магистралниот пат Косовска Митровица - Лепосавиќ во местото Рударе, кај Звечан, откако од притвор беше oслободен Слободан Репиќ, а на Жарко Веселиновиќ му беше одреден едномесечен притвор.
- Одблокиран е магистралниот пат Митровица - Лепосавиќ и во текот на ноќта се отстранети сите препраки. Сообраќајот се одвива без проблеми, изјави Хоти.
ЕУЛЕКС вчера соопшти дека Вишиот суд во Митровица одлучил на Жарко Веселиновиќ да му одреди притвор од 30 дена, додека Слободан Репиќ ослободен од полицискиот притвор.
Двајцата осомничени за обид за убиство и за незаконско користење на оружје во врска со инцидентот од декември 2012 година, а Веселиновиќ́ дополнително се товари и за уште едно дело незаконско поседување оружје, соопшти ЕУЛЕКС.
Веселиновиќ и Репиќ се уапсени во понеделникот во близина на Звечан, а во знак на протест поради нивното апсење Србите три дена го блокираа магистралниот пат Митровица - Лепосавиќ во местото Рударе.