Пријавување сезонски работници во туризмот и угостителството
Претставници на компании од секторот туризам и угостителство од југозападниот регион денеска во Струга ќе разговараат за унапредување на моделот на пријавување на сезонските работници во задолжителното социјално осигурување, со што ќе се зголеми социјалната сигурност на овие луѓе и ќе се елиминира плаќањето високи глоби за непријавените работници.
Регионалниот состанокот е организиран од Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и е во рамки на проектот „Деловен појадок“, чија главна цел е размена на мислења и идеи за измени и дополнувања на законската регулатива во областите кои се од интерес на работодавачите и бизнис секторот во Република Македонија.
На состанокот ќе учествуваат претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров и на Асоцијацијата на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови – ХОТАМ, Крсте Блажевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа