ВМРО-ДПМНЕ ќе го менува Уставот - Брак е заедница меѓу маж и жена

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието достави предлог за имени во Уставот, според кои бракот се дефинира исклучиво како заедница помеѓу еден маж и една жена. Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ, планира во рамките на Уставот да ја вгради можноста посвојување на деца да им биде дозволено исклучено на заедница составена од родители од различен пол, како и од самохрани родители.

За да се донесат уставните измени, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ мора да го поддржи и опозициската СДСМ, бидејќи за вакви интервенции е потребно дво-третинско мнозинство.

Пратеникот Влатко Ѓорчев денеска изјави дека измените во Уставот се однесуваат исклучиво за оваа категорија и дека нема да има пакет со други решенија.

ФОТО: СКопјеинфо

најчитано сега