Приколката полна песок паднала врз него - бизарна несреќа во Македонија

Уште една страшна несреќа на македонските патишта. Во 09 часот и 40 минути на магистралниот пат Велес–Штип на делот кој е во изградба, во близина на селото Кадрифаково, 28-годишниот Ј.Б. од Скопје управувајќи влекач „Ман“ со скопски регистарски ознаки и приколка-кипер марка „Утва ПП 30“ исто така со скопски регистарски ознаки, при истовар на песок, приколката се подигнала и паднала, повлекувајќи го со себе и Ј.Б.

На истиот му е укажана лекарска помош во Клиниката во Штип каде му била констатирана Тешка телесна повреда, скршеница на лев колк, по што бил пренесен во Клиничкиот Центар во Скопје на понатамошно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од Свети Николе и трудов инспектор.

 
 
25.09.2016 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега