Ја фатиле како краде во познат скопски маркет - направила хаос

Во текот на вчерашниот ден, во 15 часот и 30 минути во Полицијата во Чаир, 35-годишната Б.Д. од Скопје, вработена во маркетот на „Жито“ на пазарот во Бутел на улицата Бутелска, пријавила дека околу 11 часот, додека се наоѓала во канцеларијата на маркетот со Н.Х. која претходно била фатена како краде одредени производи, во маркетот влегле две машки лица. Истите, од кои едниот и бил внук, претходно биле телефонски повикани од жената, и веднаш по влегувањето во маркетот почнале да им се закануваат на Б.Д. и на останатите вработени, а воедно и да фрлаат производи од полиците, на што им се приклучила и жената која крадела.

Интервенирало обезбедувањето и други лица во маркетот и ги отстраниле надвор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
 
25.09.2016 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега