Маж застрелан во главата пронајден во зградата на кумановскиот градоначалник

Повозрасен маж утринава е пронајден со прострелна рана во главата, како лежи во ходникот од зградата каде живее и градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски. Како што пишува Сакам да Кажам, соседите од зградата каде се случил хоророт, претпоставуваат дека не се работи за самоубиство, и веат дека човекот не е од нивната зграда. Убиството се случило некаде меѓу 7 и 8 часот на првиот кат, а телтоо го забележале случајни мунувачи.

- „Јас во 10 до 8 излегов за работа и во влезот ме пресретна полиција. Ми рече дека е пронајден застрелан маж. Човекот е со бркови, а ние немаме таков сосед. Никој не го слушнал пукањето, не знаеме што е работата”, вели еден од станарите за Сакам да кажам.

Полицијата врши увид по што ќе се знаат детали.

 

 
 
26.09.2016 - 10:03
Фото: 
Сакамдакажам

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега