Адеми: Владата ќе продолжи да ги поддржува проектите во Гостивар

Почнатите проекти во општина Гостивар и натаму бидат поддржувани од Владата се до нивната реализација, а поддршка ќе добијат и неколку проекти кои локалната самоуправа ќе ги спроведува во соработка со министерствата, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Абилаќим Адеми по денешната посета на Гостивар.

На средбата со градоначланикот Невзат Бејта, Адеми беше информиран за актуелните состојби и за трите важни инфрструктурни проекти на општината.

- Половина од работите на филтер-станицата се завршени и ако се тече по планот, до крајот на годината ќе биде инсталирана и опремата. Заедно со прокетот за рехабилтација на водоводната мрежа, планирано е да се инвестираат над 4 милиони евра, рече Адеми.

Привршува и постапката за избор на концесионер кој ќе управува со отпадот во полошкиот регион со што, нагласи, ќе се реши едно најгорливите проблеми за дветте општини.

Градоначланикот Бејта од министерот побара да се заложи, дел од проектите кои ќе спроведуваат во гостиварската општина да се вградат и општинскиот буџет за 2014 година и се дел од предизборната програма. 

најчитано сега