Млад скопјанец претепан со безбол палки

Вистинска драма се одвивала вчера во Скопје, на булеварот Србија. Според податоците од полицијата, во 18 часот и 40 минути на булеварот во продавница за спортска опрема, повеќе непознати лица со безбол палки физички го нападнале  21-годишниот А.Т. (21) од Студеничани.

На момчето му била укажана лекарска помош во Градска општа болница, по што бил задржан на понатамошно лекување.  

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.

 
 
26.09.2016 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега