СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја зголеми нетолеранцијата кон граѓаните со различна сексуална ориентација
СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја дефокусира јавноста од клучните проблеми за граѓаните.
Дополнително, укажуваме дека ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време провоцира со политики на дискриминација и нетолеранција што резултираат со инциденти.
СДСМ смета дека прашањето што го отвора власта за менување на Устав, за дефинирање на бракот, бара поширока и подолга јавна и стручна дебата. Бараме за предлогот да се изјасни граѓанскиот сектор и академската заедница, пред да се пристапи кон планираните измени од страна на власта.
Граѓаните на Македонија очекуваат решавање на горливите социо-економски проблеми, одговорен пристап од Владата кон прашањата од европската агенда и отстранување на сите укажувања за непочитување на правата и слободите на граѓаните, меѓу кои и на насилството врз припадниците на ЛГБТ заедницата.
Во услови кога надлежните институции ги толерираат и не ги пронаоѓаат сторителите на овие инциденти, врз нивни домови, врз канцеларијата на Хелсиншкиот комитет, сметаме дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја зголеми нетолеранцијата кон граѓаните со различна сексуална ориентација, ќе ја институционализира дискриминацијата и ќе придонесе за дополнителни поделби.
Посебна несериозност од страна на ВМРО-ДПМНЕ е нивниот потег за промени на Уставот, на денот кога Собранието оди на одмор.
(Интегрален текст од писмена реакција на СДСМ)