Иван Блажевски нов командир на битолската полициска станица

 
 
Советот на општина Битола на денешната редовна седница за нов командир на полициската станица од општа надлежност го избра Иван Блажевски. Блажевски има завршено Воена Академија и е доктор на социолошки работи.
 
 Новоизбраниот командир на полициската станица од општа надлежност-Битола ќе има обврска на секои шест месеци да го информира Советот на општината за работите што се однесуваат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата и да прима препораки за подобрување на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата заради градење доверба меѓу полицијата и локалното население.
 
Согласно закон, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска до битолските советници предложила три кандидати.
 
На седницата членовите на Советот на општина Битола донесоа повеќе одлуки од урбанистичката сфера, односно одлуки за изработка на детални урбанистички планови на различни локации во овој град, а се расправаше и на други теми од надлежност на локалната самоуправа. 

најчитано сега