Заменик-министерот за образование и наука во посета на велешко
Заменик-министерот за образование и наука Сафет Незири денеска го посети велешкото село Сливник, по што оствари средба и со градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев.
Како што информираше на прес - конференцијата заменик-министерот Незири покрената е постапка за планската документација да влезе во програмата за реконструкција на училишта за 2014 година.
- Со тоа ќе се направи и доградба на објектот и негова реконструкција со што ќе се создадат поволни услови за изведување наставата во ова село, но и во сите села во Македонија што е наша обврска како Министерство, потенцира Назири.
- Училиштето ќе се ренивира но потенцирам дека мора да се запази законската процедура, дециден е министерот Назири. Тој додаде оти денеска оствариле средба со родителите за да им ја појаснат ситуацијата и да најдат заеднички јазик да не дојде до бојкотирање на наставата на 1 септември.
Училиштето во село Сливник е подрачно училиште на ООУ „Васил Главинов“ од Велес.
ФОТО: А1.он