Илон Маск претстави план за приватна колонизација на Марс

 

 

Шефот на американската компанија „Спејс Екс“ Илон Маск претстави детални планови за започнување на приватни мисии за превезување на лица, кои сакаат да живеат на Марс. 

Според Маск, лицата ќе бидат превезувани со моќна ракета која има способност да пренесе 100 патници и одредена количина на товар. 

Тој истакана дека предвидува во иднина луѓето да живеат во голема колонија на Марс, но забележа дека од клучно значење е цената на патувањето да се намали драстично, со цел да бидат привлечени доброволци. 

- Не може да се создаде самоодржлива цивилизација, ако билетите чинат 10 милијарди долари по човек, истакна Маск на Меѓународниот конгрес за астронаутика во Гуадалахара, Мексико. 

- Целта ни е да на сведеме цената приближно до цената на куќа со средна големина во САД, околу 200.000 долари, објасни Маск. 

Според шефот на „Спејс Екс“, Марс е најсоодветното место за населување. 

Тој наведе дека самоодржлив град со еден милион жители бо можел да се изгради за 40 до 100 години. 

Стратегијата на Маск предвидува превозот да се врши со вселенски бродови за повеќекратна употреба, а за летовите да се користи гориво, создадено од јаглероден диоксид и вода, кои се достапни на Марс. 

Маск, инженер и инвеститор, која заработи милиони како основач на системот за онлајн плаќање „ПејПал“, и создавач на компанијата „Спејс Екс“, изјави дека долгорочното преживување на човештвото бара луѓето да се претворат во меѓупланетарен вид, почнувајќи со сончевиот систем, а некој ден излегувајќи и надвор од него. 

Маск заклучи дека, преку инвестиции помага во остварувањето на неговата цел, животот на луѓето да стане меѓупланетарен.

 

 

 

 
 
28.09.2016 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега