ВИДЕО: Свекорот и ја киднапирал ќерката и никој не му може ништо - скопјанка две години не си го видела детето

Две години не си ја видела 6 годишната ќерка иако има правослина судкс аодлука за старателство. Татјана Бошњаковска по разводот со таткото на нејзинотот дете велид ека мимнува низ пекол, објавува Сител

Го обвинува свекорот- пензиониран врховен Судија за киднапирање. Вели дека ниту полицијата ниту центарот за социјални работи не може да му влезе во траг на детето кое вешто го кријат.

Утрово полициски алфи го привеле таткото на 6 годишната Александра. Но ниту во полициска станица тој не сакал да открие каде е девојчето.

Зад целата постапка стои судијата во пензија Александар Бошњаковски кој пред камерата на Сител не негира дека детето е кај нив но одбива да ја почитува одлуката на судот и постапувањето на полицијата. Вели дека одлуките се незаконски а минатото на мајката му е мотив да се спротивставува по секоја цена.

Пензионираниот судија со вонредни правни лекови,  кривични пријави и претставки против судиите и адвокатите и понатаму планира да се спротивставува на извршното решение со кое Александра треба да биде со својата мајка.

Вели дека се плаши од киднапирање и бегство надвор од државата доколкуд етет отиде кај неговата поранешнаа снаа.

Татјана пак го чека денот кога полицијата ќе успее да дојде до ќерка и и да и ја врати. И двете страни тврдат дека се што прават е во интерес на малата Александра која не по своја вина е вплеткана  во правните лавиринти и како што стои во самото судско решени е само предмет на извршување меѓу еден доверител и еден должник.

ВИДЕО: ТВ Сител

 

01.08.2013 - 23:59

најчитано сега