ВМРО-ДПМНЕ: Илинденците ни оставија аманет како да ја сакаме и чуваме Македонија

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита најсветлиот празник во историјата на државата, Илинден.

          Илинден е празникот кој обединува. Илинден е најсветлата нишка која е проткаена во историјата на Република Македонија. Тоа е денот кога ја празнуваме победата и непокорот, тоа е денот кога го празнуваме остварувањето на сонот на илјадници кои се втемелија во државноста на Македонија, без разлика на нивната вера и национална припадност.

          Денес со гордост се сеќаваме не делата на Илинденците од двете славни епопеи од 1903 и од 1944 година. Тие ни оставија аманет како треба да се сака, да се гради и да се чува нашата Татковина. Нивниот пример е обврска за секоја идна генерација бесусловно да ја води својата борба, борба за напредна, поуспешна Македонија.

          Нивниот сон за слободна и независна Македонија денес е реалност, а наша должност е тој нивен сон да продолжи.

          Да ни е вечен и честит Илинден.

 

          Да ни е вечна и вековита Македонија.

(Интегрален текст од честитката од ВМРО-ДПМНЕ по повод државниот празник Илинден)

најчитано сега