Со оваа апликација точно ќе знаете кога е безбедно да возите!
Колку пати сте биле во ситуација да морате да бидете позади воланот иако сте имале пријатна вечер помината со пријателите и неколку чаши алкохол?
Ризикот е познат, но и присутен неколку часа по завршувањето на вечерта.
Алкохолот и следниот ден е во нашиот крвоток па влијае на нашите психолошки и моторички способности. Дури и подолг сон и обилен појадок, не може така лесно да го исфрли. Останува познатото чувство на замор и мамурлак, поради што и најбезбедното возење до работа би било опасно за сите учесници во сообраќајот, пишува британскиот Метро.
Програмерите секојдневно се обидуваат да направат апликација која би ја одредила количината на алкохол во нашиот организам.
Една од поуспешните е „The Morning After Campaign“ програм кој на основ на внесените податоци за количината алкохол, видот на пијачката и вашите телесни особини одредува кога сте спремни за наредно возење.
Ако ја почнете вечерта со Пина Колада, продолжите со Мохито, потоа пробате „Sex on the beach“ и ја завршите вечерта со „Long Island Iced Tea“, пресметувачот ќе покаже дека сте спремни за безбедно возење по 12 часа.
Апликацијата пресметува процент на алкохол по испиени вина, пива, жестоко пијалоци и ликери. Достапна е на секој смарт телефон, а времето на потребно за трезнење започнува од моментот на завршување на „пијанката“. Толку всушност е потребно алкохолот да го напушти нашиот крвоток.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа