Средба Груевски-Тимерман: Потпишан договор за безвизен режим и инвестиции меѓу Македонија и Аргентина
Македонскиот премиер Никола Груевски кој е во посета на Аргентина каде се сретна со аргентинскиот министер за надворешни работи Хектор Тимерман, потпиша меморандум за промоција на соработката на полето на инвестициите и визната либерализација.
Меморандум за промоција на соработката на полето на инвестициите претставува платформа за креирање економска основа на соработката, продлабочување на трговската размена и можност за реализација на инвестиции на компании од двете земји. Меморандумот претставува и ориентир и ја дава рамката за понатамошното надградување на договорната соработка и договорното уредување на односите, додека пак договорот за визна либерализација за носителите на посебните видови патни исправи претставува исчекор кон заокружување на правната рамка за овозможување безвизен проток на лица од двете земји.
Соговорниците на средбата ја истакнаа посветеноста на двете земји за продлабочување на економската соработка и реализација на конкретни проекти за унапредување на соработката кои ќе се од заеднички интерес.