„Министерот за одбраната“ ја однесе Барса на врвот во групата во ЛШ: 18 интервенции на гостувањето кај Фленсбург
Барселона победи на гостувањето кај Фленсбург со 27:28, а најзаслужен со 18 интервенции и висок процент од 40 проценти одбранети удари беше нашиот голман Борко Ристовски.
Две од овие 18 интервенции кога спаси израмнување на Фленсбург при 26:27 и 27:28.
Голема минутажа денеска за Барселона имаше и капитенот на нашата репрезентација Кире Лазаров. Нашиот бомбардер реализираше 4 гола од 12 обиди.
05.10.2016 - 22:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа