Македонската фудбалска репрезентација загуби од Израел со 1-2 - но нема разочарување одиме напред
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Израел со 1-2 на домашен терен во 2.коло од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година. Ова е втор пораз за нашиот национален тим по оној на стартот на гостувањето кај Албанија исто така со 2-1. Македонија губеше со 0-2 на полувремето, Несторовски постигна гол, а Јаховиќ утна пенал во 94-тата минута да и донесе бод на нашата репрезентација.
Македонија добро го започна натпреварот со две шанси на Горан Пандев. Капитенот прво биеше од 18 метри крај голот, а во втората ситуација беше во идеална позиција, но повторно не погоди. Хасани прекрасно во празно го проигрува Алиоски, овој центрира ниско по земја кон пандев, но нашиот капитен биеше високо над голот од речиси идеална позиција.
Израелците од првата посериозна акција на нашата половина постигна гол за водство. Голаса центрираше од аголот на шеснаесетникот, а Хемед со глава го матираше немоќниот Мартин Богатинов за 0-1 во 25-тата минута.
На три минути пред крајот на првиот дел, гостите веќе водеа со 0-2. По еден брз против напад, нашата одбрана повторно лесно испадна од игра, а Бен Хаим прво лесно го легна на земја нашиот голман и погоди во мрежата.
Во второто полувреме селекторот Игор Ангеловски направи формациски измени со внесувањето на Стефан Спировски на местото на Милован Петровиќ и Бесарт Ибраими на местото на Ванче Шиков, па формацијата од 5-3-2 се смени во 4-4-2. Несторовски и Ибраими се заканија во 54-тата и 60-тата минута и го наговестија голот за Македонија.
Во 63-тата минута Спировски убаво го пронајде Несторовски во шеснаесетникот, а нашиот голгетер со убав удар го матираше голманот на Израел Гореш.
Судијата Андре Маринер досуди и пенал за Македонија во 94-тата минута откако Илија Несторовски беше фаулиран во шеснаесетникот на Израел, а гостинскиот фудбалер Тиби доби и црвен картон. Одговорноста ја превзема Адис Јаховиќ, но голманот Гореш го прочита неговиот удар и одбрани.
Ова беше четврти пораз на нашиот тим во четвриот меѓусебен дуел со Израел. Македонија во следното коло во недела на „Филип Втори“ ја пречекува Италија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа