СИТЕЛ: Проектот 140 градинки ќе отвори 2000 нови работни места

 

Изградбата на 140 детски градинки  значително ќе го зголеми капацитетот на сместување на најмладите, но ќе отвори  и најмалку 2.000 нови работни места.

Приоритет на градба ќе  имаат општините каде листите на чекање се најдолги.   Центар, Струмица, Куманово,  Аеродром и Ѓорче Петров ќе бидат меѓу првите , каде од наредната година ќе се почне со градба, изјави заменик министерот за труд за радио Слободна Македонија.

-Над 2.000 работни места ќе се отворат за стручен кадар, негователки, готвачи кои ќе се ангажираат во градинките и кои ќе се грижат за растот, развојот, едукацијата на децата со отворањето на новите 140 градинки, истакна заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во денешното гостување во емисијата „Бројки“ на Радио Слободна Македонија.

Спасов најави и  дека од денеска објавен е огласот за две нови мерки. Младите невработени до 29 години ќе можат аплицираат за поволен кредит до 7.000 евра за да започнат сопствен бизнис, а ќе добијат  поволности и  фирмите кое ќе вработот  лице до 29  години.

-Младите невработени можат да погиигнат кредит, со камата од само 1% и грејс период од година и пол, а рок на отплата 7 години, додека фирмите кои ќе вработат лице до 29 години можат да подигнат кредит до 4,000 евра или максимум 12.000 евра за 3 отворени работни места, додаде Спасов.

Покрај овие две нови нови мерки, се уште е активен преоктот Македонија Вработува 2. До сега над 1,700 лица  од сите категории се вработиле во 1.300 компании .

 
07.10.2016 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега