Шпанките нови шампионки во ватерполо
Ватерполистките на Шпанија станаа нови светски шампионки по триумфот во финалето над селекцијата на Австралија со 8:6 односно (2:1; 3:2; 1:1; и 2:2). Шпанија влезе во историјата како прва селекција која успеала да стигне до златниот медал како домаќин на турнирот. Претходно најдобриот пласман на „фуријата“ беше во 2007 година со освоеното 7 место. На пониското место на пиедесталот завршија Унгарките кои беа подобри од Русија со 10:8. За денеска се закажани завршните средби од машкиот турнир. Утре во 22:15 минути ќе се игра финалето меѓу Црна Гора и Унгарија, а борбата за третото места ќе се игра меѓу Хрватска и Италија дуел кој ќе стартува од 16:30 минути.