Скандал во Германија: Поранешниот хрватски репрезентативец Ивица Олиќ суспендиран поради обложување
Германскиот фудбалски сојуз го суспендираше Ивица Олиќ на два натпревари, а поранешниот хрватски репрезентативец мора да плати и 20.000 евра.
Олиќ од 26. август до 11. септември се обложил на девет натпревари од втората германска лига што според нивните прописи е забрането.
Како што е објавено во соопштението на германскиот фудбалски сојуз, Олиќ не се обложивал на натпревари на својот клуб Минхен 1860 за кој игра од оваа година. Со истрагата е заклучено дека не се работи за манипулација со резултати и веројатно нема да има дополнителна истрага и казна за поранешниот хрватски репрезентативец. Но ќе има од клубот.
Минхен 1860 ја објави веста за суспензијата на Олиќ на службената страна и најави висока парична казна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа