СИТЕЛ: Историска победа - Младите фудбалери одат на ЕП2017 во Полска

 

Репрезентацијата на Македонија до 21 година синоќа го оствари најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал. По победата над Шкотска од 2:0 младите фудбалски херои остварија пласман на ЕП 2017 во Полска. По повод големиот успех, младите фудбалски репрезентативци беа примени од Претседателот Ѓорѓе Иванов, кој рече дека самоуверената и храбра игра во текот на целиот квалификациски циклус, била клучна за обезбедувањето место меѓу најдобрите европски селекции.

Фудбалските херои и членовите на стручниот штаб на Младинската фудбалска репрезентација денеска беа примени и од Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев. Тој истакнал дека фудбалерите и спортските работници покажале правилен пример дека во бранењето на боите на државата не постојат разлики по однос на етничка, верска и каква било друга припадност и дека таквиот пристап обезбедува позитивни резултати во секоја сфера од значење за граѓаните. Воедно, Димитриев ги информирал играчите и членовите на стручниот штаб дека како симболичен чин на благодарност и покажување поддршка од страна на државата за овој нивен спортски резултат, Владата на денешната седница донела одлука со која се обезбедуваат и доделуваат награди во износ од 4.200.000 денари.

Претходно, за историскиот прв пласман на една македонска репрезентација на завршницата на ЕП, фудбалската федерација на Македонија реши да издвои парична награда во вредност од 200.000 евра.

 
 
12.10.2016 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега