ВИДЕО: 20 години од најдобриот гол на сите времиња

 

На денешен ден пред 20 години легендарниот бразилски фудбалер Роналдо го постигна еден од највпечатливите голови во историјата на фудбалот.

20-годишниот напаѓач на Барселона ја затресе мрежата на Компостеле на спектакуларен начин.

Роналдо им ја украде топката на противничките играчи на средината на теренот, а потоа шутираше кон голот. Ги помина играчите на Компостеле додека не дојде на 12-13 метри од голот, а потоа ја испрати топката во мрежата.

За какво ремек-дело се работи сведочи и видеоснимката по погодокот на Бразилецот – тренерот на Барселона Боби Робсон се фати за глава, изненаден од магионичарот што го има во тимот.

 
 
13.10.2016 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега