Разочарување во опозициските редови: Повторно ги загубивме изборите

 

Ниту меѓу опозициските експерти веќе нема дилеми. СДСМ го чека нов пораз на изборите на 11 декември.
Прислушуваните материјали, партизацијата на Специјалното обвинителство и урнисувањето на главниот град, не дадоа никаков ефект. Рејтингот на СДСМ се уште далеку зад оној на ВМРО-ДПМНЕ.
Политологот Ненад Марковиќ кој важи за близок до СДСМ и структурите на СОРОС вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да има комотно мнозинство по изборите, но сепак, свесен е дека СДСМ го чека пораз.

ВМРО-ДПМНЕ од една страна веројатно по изборите ќе се збогува со комотното мнозинство, а СДСМ има малку време да ја надомести разликата во рејтингот, која не е веќе така голема, но сепак постои“ – вели Марковиќ во изјава за Дојче Веле.

Претходно и политичкиот аналитичар Петар Арсовски, кој исто така важи за близок до опозицијата јавно призна дека на изборите не треба да се очекуваат промени и дека СДСМ повторно ќе доживее пораз.

Новинарката Катерина Блажевска која исто така е дел од опозициските структури во новинарството со жалење констатираше дека по се што правеле во изминатите 2 години, не успеале да го сменат јавното мислење и дека граѓаните, повторно довербата ќе му ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа го покажуваат и анкетите. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред СДСМ па за очекување е победа со околу 150.000 гласови разлика.

 
 
13.10.2016 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа