Мисајловски: Преговарам за нискобуџетен лет до Полска

 

Низа проекти спроведува Владата во делот транспорт и врски.

На денешната панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ, министерот Владо Мисајловски истакна дека наскоро сите 6 нови возови ќе бидат во Македонија. Вложени се 25 милиони евра, стигнуваат нови вагони и  се реконструираат железнички станици.

Тој говореше и за нискобуџетните авиолинии.

-Ако во 2005-та имало 15 директни летови, сега имаме 34. Постојано работиме со компаниите. Цените се драстично поевтини. Картата е субвенционирана од Владата. Важно е што имаме и нов аеродром. Владата превзема низа мерки со бенефит за граѓаните. Комуницирам, за евтини летови до Полска бидејќи младите фудбалери таму ќе играат Европско првенство, истакна Мисајловски.

 
 
14.10.2016 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега